We use cookies to give you a better experience on our website. Learn more about how we use cookies and how you can select your preferences.
Ви треба помош да разберете што пишува на business.gov.au на вашиот јазик?
Ако не можете да ги најдете информациите што ги барате на вашиот јазик, следниве линкови на интернет може да ви помогнат да стапите во контакт со службата што ви е потребна.
Национална преведувачка служба (Translating and Interpreting Service (TIS) National)
Службата TIS National при Министерството за доселеништво и заштита на границите (Department of Immigration and Border Protection или DIBP) обезбедува преведување преку телефон 24 часа на ден, секој ден во неделата. Услугата можете да ја користите од било кое место во Австралија по цена за локален повик на бројот 13 14 50.
Национално тело за акредитирање на преведувачи и толкувачи за усно преведување (National Accreditation Authority for Translators and Interpreters или NAATI)
За да најдете преведувач или толкувач за усно преведување којшто е акредитиран или признаен од страна на NAATI, можете:
- да го побарате во нивната база на преведувачи и толкувачи на интернет (Online Directory)
- да се јавите во NAATI на 1300 557 470 (само во Австралија).
Златна книга (Yellow Pages)
Во Златна книга (Yellow Pages) можете да најдете преведувачи и толкувачи преку пребарување во делот за "Interpreters" (за усно преведување) или "Translators" (за писмено преведување).
Информации на Министерството за хумани служби на други јазици
Министерството за хумани служби обезбедува преводи на повеќето од своите објавени материјали на интернет, вклучувајќи информации за:
- новопристигнати доселеници
- работници со скратено работно време и сезонски работници
- договори за социјално осигурување помеѓу Австралија и разни земји
- исплати и услуги.
Услуги за усно и писмено преведување при Министерството за хумани служби
Министерството за хумани служби обезбедува бесплатни услуги за усно и писмено преведување за да ви помогне да се пријавите за исплати и услуги на доверлив начин.
Министерство за доселеништво и заштита на границите (Department of Immigration and Border Protection или DIBP)
DIBP има список на преведени материјали со совети за новопристигнатите доселеници и за луѓето коишто се заинтересирани за добивање визи.
Информации на Австралиското даночно биро (Australian Taxation Office или ATO) на други јазици
ATO обезбедува објавени материјали на интернет за да ви помогне да ги разберете даноците во Австралија. Достапни ви се верзии на арапски, асирски, ауслан, бурмански, кинески, хрватски, дари, динка, персиски, грчки, хинди, индонезиски, италијански, јапонски, карен, кмерски, корејски, македонски, руски, српски, сомалиски, шпански, тајландски, турски и виетнамски јазик.